
Египет ќе добие нови 3 милијарди долари кредит од Светската банка, отако парламентот на земјата ќе го одобри економскиот прорам на владата кој Светската банка го предложила, со барање на одредени реформи.
Се очекува дека парламентот ќе ја одобри програмата до крајот на април, четири месеци откако договорот со меѓународните кредитори бил постигнат.
Покрај тоа, Еипет во јануари добил 2 милијарди кредит од Кина – милијарда за санитарни проекти и милијарда како средства за зголемување на девизните резерви.
Со тоа египетскиот надворешен долг се искачил на 53 милијарди долари, а внатрешниот уште минатата година ги надминал 261 милијарда долари.
Соочена со големите економски проблеми, египетската влада зема кредити вредни над милијарда долари во обид да ја подобри тешката економска перспектива на земјата.
Саудиска Арабија, која покрај Израел е најзаслужна што генералот Абдел Фатах асл-Сиси дошол на власт по пат на воен удар, пумпа игромна сума на пари во египетската економија уште од 2013 година. Саудиската делегација, при минато неделната посета, ветила инвестиции од 16 милијарди долари, ама овој пат во облик на кредит, очекувајќи враќање.
Владата на претседателот Абдел Фатах ал-Сиси е во толку очајна состојба, така да како дел од овој договор, потпиша предавање на два острови во Црвеното море на Кралството.
Да додадеме и тоа дека според “ Извештајот за странска помош“ на американската влада, Египет прима и американска воена помош во вредност од 1,2 милијарди долари годишно.
Египет исто така страда и од константен пад во своите девизни резерви заради падот на туризмот, намалување на приходите, недостатокот на економски активности, недостаток на инвеститори заради безбедносни причини, ама и висока стапка на корупција.
Во земјата од 90 милиони жители според официјалните податоци, преку 13 милиони се невработени, а преку 22 милиони луѓе живеат под границата на сиромаштијата. Да земем во обзир и тоа дека во Египет стапката на невработеност се мери по бројот на луѓе кои активно бараат работа.
Ако веќе споменавме дека Израел и Саудиска Арабија се заслужни за државниот удар и доведување на власт на генералот Сиси, Кина и Светската банка за финансиско кредитирање на пропаднати економии, и САД за огромна воена помош, би требало да се спомене и британската улога во овој жалосен проект.
Имено, поранешниот британски премиер, а сегаше советник на владата на Србија Тони Блер, од 2014 година го советува и егупетскиот претседател поврзано за економските реформи. А за ваквите услуги него не го плаќа владата на Египет, туку владата на Обединетите Арапски Емирати.
Земјата во која во текот на планската економија на владата на Џамал Абдел Насер, економијата растела по просечна стапка од 9% на годишно н иво, а околу 75% бруто домашниот производ на Египет премина од рацете на богатите во рацете на државата или милион мали сопственици сега најпосле таа економски е пробиена од страна на империјалистичките држави и муѓународните финснсиски институции.
Во Египет сами уште пирамидите останаа египетски.
Извор: принцип









