Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика сите политичари да ја одбијат дадената аболиција. Режимот според него се подлабоко навлегува во кашата која што ја замати, а едниствен чекор кон нормализација на државата се предвремени, регуларни, демократски и фер избори.

Заев упати апел до лидерите на ДУИ и на ДПА, Ахмети и Тачи да преземат конкретни чекори за поништување на одлуката на Иванов.
Социјалдемократите ги оценија како дрскост и безобразие вчерашните протести пред нивното седиште. Нема да бидат изненадени доколку Уставниот суд се обиде да поведе иницијатива за укинување на Специјалното јавно обвинителство.
Заев повика на масовна излезност на протестите огранизирани о граѓаните и сите да се обединат за спас на Македонија.









