Претседателот на ЛДП  Чедомир Јовановиќ во текот на посетата на Кула, во “Маратонот за Војводина“, се осврнал на денешната изјава  на Воислав Шешељ, претседател на Српската радикална партија, во која наведува дека државата би можела да ги помилова Звездан Јовановиќ и Милорад Улемек Легија

“Не знам дали Шешељ е болен или не, лично не му посакувам ништо лошо, ама знам дека не е нормален и дека ниту нему ниту на неговата политика не му е место во нашите животи во 2016 година. Кога тој се занимаваше со политика и кога таа политика влијаеше на секој од нас, ние бевме најнесреќно европско општество.

Политиката на Шешшељ од Србија и нас направи светска срамота и брука. Сё ќе направиме да му застанеме во ова кампања на патот, да застанеме на патот на неговата намера да го помилува Легија, откако Легија ќе ни ја понуди својата вистина со која се занимаваа судовите на ова земја, проценувајќи дека на таков начин е осуден на максимална затворкса казна.“, напишал Јовановиќ на својот Фејсбук профил и порталот на Либерално демократската партија на Србија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here