FOTO: (public)

Турција како членка на НАТО беше клучен регионален сојузник на Израел се додека не дојде до прекинување на врските во 2010 година заради смртоносната рација на израелските командоси на турскиот хуманитарен брод кој патуваше за Газа.

Тогаш загинаа 10 турски хуманитарци, потсетуваат агенции.

После острите осуди и запаливата реторика, двете страни во декември одржале тајни разговори како се пронашол начин за повторно поврзување, а следната рунда на преговори се одржала во фебруари ова година во Женева.

“Тимовите направиле напредок кон финализираето на договорот и намалување на ризиците, а договориле дека договорот треба да биде финализиран на наредната средба која наскоро ќе биде организирана“, се потврдува во соопштението на турското министерство  после последните разговори во четвртокот.

Официјална Анкара наведува дека на последните разговори во Лондон во четвртокот биле присутни претставници на турското Министерство за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јозеф Циешановер, како и советникот за израелска безбедност Јакоб Најгел.

Премиерот на урција Ахмет Давутоглу во петокот во интервју за турскиот весник Ватан, изјавил дека е “направен значаен напредок“, притоа додавајќи дека двете страни се надеваат на постигнување на “конечна етапа“ на раговорите.

Турција во фебруари објавила дека поранешните сојузници  биле “блиску до постигнување на договор“.

Меѓутоа, уште треба да се договорат околу турските услови, главна препрека по се изгледа е укинувањето на изралеската блокада на палестинските територии, Појасот Газа со која управува движењето Хамас.

Израел и се извини во 2013 година на Турција и многумина мислеа дека тоа ќе ги “затопли“ односите на двете држави, меѓутоа сепак дошло до повторно затегнување на напнатоста наредната година кога Израел лансираше голема воена офанзива на Газа.

Други турски услови се исплата на компензација на жртвите од бродот Мави Мармара, при што се наведува дека за овој случај разговорите напредувале.

Мави Мармара беше еден од шесте бродови кои во мај2010 година носеа хуманитарна помош и се обидоа да ја прекинат поморската блокада на појасот Газа која трае од 2007 година.

Турција е клучен сојузник на Хамас, а претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган го обвинил Израел за “геноцидни акции“, во Газа.

Неодамна енергетскиот портал Oil Price  пренел информации дека Израел предлага изградба на гасовод под Медитеранското море до јужна Турција. Турски функионери го признале постоењето на официјалниот израелски предлог и ја потврдиле заинтересираноста на Турција за ова решение. Предлогот би бил профитабилен за двете страни, бидејќи турски и изтраелски компании би ја граделе инфраструктурата, Турција би станала транзитна земја за израелскиот гас, а Израел би станал важен играч како на турскиот така и на европскиот пазар.

Во заклучокот на редакцијата на Oil Price пишува:“ Таков гасовод би бил сјаен за Израел и за Турција, а посебно за Европската Унија која би ја намалила зависноста од рускиот гас“.

Аналитичарите веруваат дека межноста за соработка на двете држави на овој енергетски проект допринела за наглото затоплување на односите помеѓу двете земји.


 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here