Распишувањето на избори после распуштање на парламентот е кршење на уставот бидејќи со тоа веќе е завршен и самиот мандат на пратениците и на претседателот на Собранието. Вака универзитетскиот професор Светомир Шкариќ во интервју за 24 вести ја објаснува актуелната ситуација со одлуката на парламентот. Според професорот, земјава влегува во правен вакум.