асад

Вашингтон се согласи со Русија дека сирискиот народ треба да одлучи дали Башар ал Асад треба да остане на власт, соопштија денес американски претставници.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер потврдил дека сирискиот народ ќе одлучува за иднината на сириската влада.

– Веруваме дека политичкиот процес е она што делува на сирискиот народ и дека тие треба да одлучуваат за иднината на власта во Сирија – изјавил тој.

Тој наведил и тоа дека верува дека дошло до подобрување на односите помеѓу Вашингтон и Москва.

– Се согласивме со Русија во бројни аспекти, во спротивно немаше да бидеме овде каде што сме сега – завршил тој.

Извор:(B92)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here