
FOTO: (public)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера ги отфрлил било какви западњачки лекции од демократијата кога станува забор за слободата на штампата (печатот) во Турција, потенцирајќи на минатонеделните критики на американскиот колега Барак Обама во одно ова прашање.
“Сите кои се обидуваат да ни одржат лекција од демократија и човекови права, најпрво мора да се осврнат на сопствената срамота“, рекол Ердоган во говорот оддржан во Анкара.
Во петокот, во пресрет на состанокот на Ердоган со Обама во Вашингтон, Обама го осудил “загрижувачкиот пат“ кој Турција го одбрала кога станува збор за слободата на говорот и штампата.
Турскиот претседател изјавил дека многу му е жал што Обама имал такво жалосно мислење.
Турските власти се обвинуваат дека се авторитарни и дека сакаат да да ги замолчат опозициските медиуми, меѓутоа Ердоган во понеделникот истакнал дека Турција “моментално е земја која се противи на тероризмот и бори како никогаш досега“.
Од изборот на претседателската функција во август 2014 година, турскиот претседател го зголемил судскиот “прогон“ против, новинари, уметници, ама и обични луѓе заради “навреди и клевети“.
Во говорот кој во живо го пренесувал државниот Тв канал ТРТ, Ердоган, меѓу останатото изјавил дека помина времто за мировни преговори со припадниците на забранетата терористичка партика на Курдите ПКК, и дека милитантите мора да се предадат или ќе бидат “неутрализирани“. ПКК во јули го прекина долгогодишното примирје, после што уследија нови судири. Од 1984 година од кога траат овие судири, убиени се повеќе од 40.000 луѓе.
Тирскиот претседател во говорот исто така изјавил дека и подрачјето Нагорно-Карабах еден ден без сомневање ќе му се врати на Азербејџан, чие и било отсекогаш.