Сириските Курди нема да дозволат одржување на парламентарни избори, во сириски Курдистан кои претседателот Башар ал-Асад ги најавил, пишува курдскиот весник Ekurd Daily, повикувајќи се на изјава накурдски представници.

siriskikurdi

Башар ал Асад распишал парламентарни избори за 22.фебруари, а изборите се закажани за 13 април.

Меѓутоа, меѓународната зедница и сириската опозиција не се воодушевени со ова одлука, како ниту официјална Москва која смета дека изборите можат да се одржат дури после измена на Уставот, и политичкиот договор на владата и опозицијата.

Сириските Курди на 17.март 2016 година, прогласија автономна федерација на северот на Сирија, меѓутоа владата одбила да го прифати унитералното прогласување на федерална област од страна на сириските Курди.

“Ние немаме никаква врска со изборите на Асад, Ние бараме нова администрација за цела Сирија“, изјавил курдски представник , а пренесува Ekurd Daily,

“Единствени избори кои ќе бидат одржани во овој регион, ќе се однесуваат на федералазацијата и федералните комитети како би се оформила нова администрација која ќе го представува народот на Рожаве“ додал тој.

Ова одлука наводно е донесена во градот Рмеилан, покраина Хасака.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here