FOTO: Erdogan (AA)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција “до крај“ ќе го подржува Азербејџан во судирите со Ерменија заради областа Нагорно Крабах, после борбите во кои во последните два дена загинаа повеќе од 30 луѓе.

“ Се молиме нашите азербејџански браќа славно да победат во овие борби со најмалку можни загуби“, изјавил Ердоган кој претстојува во САД, пренесува канццеларијата на турскиот претседател.“ Ќе го подржуваме Азербејџан до крај“, надополнил тој.

Ова се најжестоки судири после примирјето од 1994 година, со што беше завршена војната, ама сеуште не е одлучено на кого му припаѓа географски ова подрачје а кое географски се наоѓа во границите на Азербејџан, ама воглавном е населено со Ерменци.

Ердоган исто така ја нападнал и групата од Минск која со години се обидува да пронајде решение за овој судир, под покровителство на Франција, Русија и САД. “Доколку групата од Минск донесеше праведна и одлучна мерка, ваквите работи немаше да се случуваат“, истакнал тој.


FOTO: (AA)

Турција, која одржува силни културни и јазични врски со Азербејџан, претставува важѓен сојузник на Баку. Од друга страна со Ерменија нема дипломатски односи заради спорот во врска масовното убиство на Ерменците во Османлиското царство во 1915 година, а кое Ереван го смета за геноцид, а Анкара не сака даго признае како такво.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here