
Министерот за надворешни работи на Бахреин, Шеик Калед бин Ахмед ал-Калифа, во текот на вчерашниот ден изјавил дека заливските земји подготвени се да се “соочат со Иран“ заради нивната надворешна политика. Исто така тој порачал дека Техеран мора да се откаже од своите фракции на просторот на Блискиот исток.
Тој се осврнал и на изјавата на американскиот претседател Барак Обама кој минатиот месец изјавил дека Иран и Саудиска Арабија, двете најголеми сили во регионот, ќе “мора да пронајдат начин како подеднакво да го делат соседството“- Калифа истакнува дека не постојат пречки и дека односите помеѓу Бахреин и САД и понатаму се силни.
Потсетуваме, Бахреин – како и сите други заливски монархии – ги прекина дипломатските односи со Иран минатата година откако претходно беше нападната саудиската амбасада во Техеран, а нападот беше извршен од страна на демонстранти откако саудиските власти го погубија истакнатиот шиитски шеик Нимра ал-Нимра.









