
FOTO: Bin Salman (Reuters)
Саудиска Арабија се подготвува за крајот на ерата на нафтата и заради тоа планира формирање на државен фонд со вредност од два трилиони долари, што ќе претставува најголем фонд од овој вид во светот.
Формирањето на јавен инвестициски фонд, кој на Саудиска Арабија би требало да и овозможи намалување на зависноста од приходите од нафта го најавил принцот Мохаммед бин Салман во интервју за Блоомберг.
Првиот чекор вко остварување на овој план ќе биде јавната понуда на акции на државната нафтена компанија Aramco, која претставува најголем производител на нафта во светот.
Aramco располага со резерви на нафта од околу 265 милијарди барели, што претставува 15% повеќе од глобалните резерви, а после излегувањето на берзата би можела да постане највредна компанија на светот.
Намалување на зависноста од нафта.
Јавната понуда на акции би требало да биде реализирана следната година а Саудиска Арабија на тој начин планира да продаде 5% од компанијата. После тоа акциите од Aramco би се префрилиле во јавен инвестициски фонд.
“Треба да ги диверзифицираме нашите инвестиции, со што после 20 години би станеле економија која не зависи од нафта“, изјавил Салман
Имотот на идниот најголем јавен инвестициски фонд на Саудиска Арабија ќе користи за инвестиции во земјата и странство. Според сегашниот план до 2020 година планираат да го зголемат вложувањето во странство на 50%.
Колку за илустрација, јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија ќе биде толку голем, така да би можел да ги купи неколку најголеми светски компании како што се на пример: Apple, Alphabet (Google), Microsoft и Berkshire Hathaway.
Извор: Arabnews










