грчки комунисти

Во знак на протест против социјалните реформи во Грција членови на комунистичкиот синдикат на Општогрчкиот борбен фронт (ПАМЕ) ја зазеле зградата на Министерството за финансии на ова земја. Се проценува дека зградата била зазедена од страна на 200 демонстранти.

“Силите на ПАМЕ – сега симболично ја презедоа окупацијата на зградата на Минситерството за финансии на плоштадот Синтагма во знак на протест новите мерки во системот за осигурување, во даночниот систем и во продажбата на имотот на аукцијата“, се наведува во изјавата на комунистичкиот синдикат Општогрчки борбен фронт на Грција.

Комунистите на зградата развиле транспарент, со кој народот го повикуваат на голем митинг на 31.март, а потоа го запалија знамето на ЕУ.

Според мислењето на противниците на планираните реформи во Грција, нивното спроведување ќе доведе до паѓање на животниот стандард во земјата. И овие реформи се поврзани со економската криза во светот.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here