Американскиот претседател Барак Обама ја откажа средбата со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, кој во наредните денови ќе отпатува во САД.

erdoganobama

Како наведуваат, Ердоган сметал и  на средба со Обама на отворањето на новата Џамија во државата Мерленд, која се изградила со финансиски средства на Турската влада, меѓутоа од Белата куќа соопштиле дека Обама сметал дека нема потреба од средба со Ердоган на отворањето на Џамијата.

Исто така, кабинетот на Обама соопшти дека таа одлука на американскиот претседател не треба да му стои како грижа, бидејќи претходно се сретнале минатата година во новември во Турција, а потоа во февруар разговарале преку телефон, наведува Волстрит журнал.

Меѓутоа, стручњаците сметаат дека откажаната средба на Обама со Ердоган нема да донесе добро во нивните односи.

Тоа би можело да се протолкува дека Белата куќа на Ердоган не го смета за добредојден гостин, истакна аналитичарот на Центарот за развој меѓународна политка Макс Хофман.