turska policija

Израел денес ги повикал своите граѓани да ја напуштат Турција “ што е можно ппбрзо“ заради потенцијалните дополнителни напади после самоубиствениот бомбашки напад на 19.март во Истамбул, кој го изврши вооружена група на Исламската држава и Левент (ИСИЛ), пренесува агенцијата Тојтерс.

Во тој напад загинаа три изралески туристи и еден Иранец.

Веднаш после тоа канцеларијата наизраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави предупредување “трето ниво“ со препорака до сите граѓани да не патуваат во Турција.

“Конкретни закани“

Денес нивото на опасноста е подигнато на “второ ниво“ што укажува на постоење на “многу конкретна закана“ дека ИСИЛ или слични организации би можеле да ги нападнат туристичките атракции во Турција.

Не се соопштени повеќе детали, ама во соопштението се наведува дека државјните на Израел треба да ги избегнуваат заминувањата во Турција, а доколку се таму, треба да заминат “што е можно побрзо“.

Доколку биде издадено предупредување од “прво ниво“, тоа ќе значи дека Израелците ќе треба веднаш (моментално) да ја напуштат Турција.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here