Катарската тв-мрежа, Al Jazeera, ќе отпушти околу 500 вработени или повеќе од 10%, извести во неделата, со објаснување дека одлуката претставува одраз на финансиски притисок.


FOTO: (Al Jazeera)

Се разбира како причина за ваквата одлука е финансискиот притисок на малата зливска земја заради глобално ниските цени на нафтата и природниот гас.

Повеќето од оние кои ќе добијат отказ физички се сместени во седиштетот на тв-мрежата во Доха, стои во соопштението на Al Jazeera која ја контролира катарското кралско семејство. Пред одлуката за отпуштањето, мрежата вработувала околу 4.000 луѓе.

Директорот на тв-мрежата Мостафа Суаг истакнал дека Al Jazeera морала да премине на отказите како би останала конкурентна и сочивала својата положба на светскиот медиумски пазар.

Al Jazeera е оснивана 1996 година во рамките на напорите на Катар својата природна моќ да ја преточи во политичко влијание. За многу кратко време освои милиони гледачи меѓу арапскиот свет, нудејќи нецензурирани расправи и информации кои во тв програмите на другите телевизии терко се гледаат односно ги емитувале.

 


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here