
Две ривалски влади во Либија одбија да ја признаат третата влада која ја подржуваат Обединетите Нации, што дополнително ја влоши ситуацијата во ова воено зафатена земја, отценуваат аналитичарите.
Владата на национално единство предвидена според договорот со ОН, ќе биде формирана со цел воспоставување на единствена власт и завршување на судирите помеѓу двете ривалски фракции, една со седиште во Триполи, а другата на истокот на земјата.
“Формирањето на влада на ваков начин, самопрогласување, само ќе ја продлабочи кризата и создаде нови судири кои дополнително ќе ја дестабилизираат Либија“, изјавил за агенцијата Франс Пресс Мохаммед Елџер, експерт за Либија од Центарот Рафик Харири во Вашингтон.
Тој додал дека е ризично и незаконско настојувањето на ОН и меѓународната заедница да формираат единствена влада која би имала седиште во Триполи.
Со договорот потпишан во Мароко минатата година, формиран е претседателски совет од девет членови со овластување да избере единствена влада. За да биде избрана владата на чело со премиерот Фајез ал Араџ, потребно е да ја признае меѓунордно признатиот парламент со седиште во Тобрук.

Претседателскиот совет на 12.март на основа подршката на мнозинството од 198 пратеници на парламентот, ама без гласање за признавање прогласи единствена влада која ќе ја сочинуваат 18 министри. Стручњаците отценуваат дека овластувањата на ова влада би биле многу ограничени, бидејќи седиштетот на премиерот е во Тунис и Мароко, додека останатите министри се наоѓаат во различни делови на Либија.
“Големо прашање е дали таква влада воопшто може да функционира, бидејќи парламентот не гласал за нејзино признавање и тоа ја доведува во прашање нејзината легитимност“, изјавил експерт на Европскиот совет за меѓународни односи Матео Тоалдо.
Од друга страна, Мохаммед Елџар смета дека вооружените ривалски групи нема да дозволат владата да има седиште во Триполи и наведува дека меѓународната заедница мора да биде подготвена за овозможи и воена подршка, а тоа повторно ќе доведе до воени судири.
Шефот на мисијата на Обединетите нации за Либија Мартин Коблер синоќа изјавил дека новата влада на националното единство во ова земја ќе биде формирана за неколку денови. Коблер на новинарите им изјавил дека неможе да го потврди точниот датум, ама знае дека формирањето на владата на национално единство во Либија “прашање е на денови, а не на недели“.
Од соборувањето на поранешниот Либиски лидер Моамер Гадафи во 2011 година, Либија секојдневно се наоѓа во судири од страна на различни фракции, од кои најмногу профитира ’Исламската Држава’.









