tatarbank

Во Русија овој месец ќе биде отворена првата исламска банка и тоа во Каззан, главниот град на руската федерална единица Татаристан. Банката која на рускиот пазар ќе работи според принципите на исламското банкарство ќе дејствува како подружница на банката Tatagroprombank.

Оснивањето на ваква банка овозможено е со законски реформи кои во јануари ова година ги изгласала Думата, и кои овозможија исламските принципи на банкарството да бидат компатибилни на рускиот пазар.

Цел на првата банка со исламски принципи на работа е привлекување на инвестиции од исламскот свет, а дополнително ќе биде потпишан и договор за соработка со Развојната банка со седиште во Саудиска Арабија.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here