ЕРДОГАН

АНКАРА – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција одамна го заслужи Шенгенскиот договор, притоа обвинувајќи ја ЕУ за неискреност во процесот на пристапување на Турција во ЕУ. “ Ние во стрварност, одамна го заслуживме Шенгенскиот договор. Официјално барањето за пристапување го предадовме во 1963 година и во текот на тој процес, тие секогаш нё залажуваа“, и изјавил на Ердоган на државната телевизија ТРТ. “Никогаш не беа искрени. И сеуште не се искрени“, додал тој, пренесоа турските медиуми.

Турција и ЕУ неодамна постигнаа договор за намалуваљње на приливот на  мигранти во Европа, според кој Анкара побарала визна либерализација за своите граѓани до крајот на јуни, забрзување на постапката за пристапни преговори, како и финансиска помош. За возврат, Анкара назад ќе  ги прифати сите илегални мигранти кои преминале во Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here