Турската воена авио-база Инџирлик алармирана е со најголем степен на тревога, пишува турскиот весник Харајет Дејли

Причината за ова тревога не е откриена, ама базата е алармирана со вајвисок степен на тревога под кодно име “Чарли“.
Повремено се огласува степен на тревога “Делта“, ама “Чарли“ представува највисок степен на тревога во ова воена база.
Инаку, Инџирлик претставува главно седиште од каде се водат ударите и акциите на воената алијанса на западните земји против ’Исламската држава’.
Она што е посебно интересно е дека 1000 припадници одеднаш на 11 март добиле упатство веднаш да ја напуштат базата, а кое и го направиле, иако имале план да одат на воени вежби. Станува збор за своевидна принудна “ дозвола за слободен ден“.
Во базата се наоѓаат авиони на САД, Велика Британија, Германија, а присутни се и Катар и Саудиска Арабија. Авијациите во овие земји присутни се од јули минатата година.
Русија по прв пат испорача оружје на Курдите.
Станува збор за ПВО топови ЗУ 23-2 заедно со илјада гранати.
Примопредавањето е извршено во Ербил, најголемиот град во ирачкиот Курдистан со присуство на команданти на курдската народна милиција Пешмергите и рускиот генерале конзул во Ирак Артјом Григорјан.
Русија сё повеќе соработува со Курдите на Блискиот исотк, а ова ’ нема да биде последна пратка на оружје, осносно ова е само почеток’. изјавил Григорјан.








