Премьер-министр РФ В.Путин на церемонии запуска магистрального газопровода "Сахалин – Хабаровск – Владивосток"

Прекинувањето на руската испорака на гас на земјите од Европската унија би претставувало катастрофа слична како мигрантската криза предупредува “ Фајненшел Тајмс“.

Брисел не сака, дури ни како теорија, да го разгледа најлошото сценарио, ама  ако Европа навистина остане без Рускиот гас, односно ако ситуацијата со антируските санкции отиде предалеку, последиците можат да бидат катастрофални, пишува овој британски весник.

Најважен услов овој кошмар да не се претвори во реалност е подготвеност на ЕУ да признае дека на Русија и “ припаѓа одредено геополитичко и економско место во Европа“, истакнува “Фајненшел Тајмс“.

Европските влади, уплашени и изгубени заради бегалската криза, стравуваат дека може да ги погоди нова катастрофа, а една од нив токму може да биде прекинувањето на испораката на рускиот гас во средна и источна Европа.

Најсериозни последици и се закануваат на Украина, која ќе настрада не само заради отсуството на гасот, туку и заради енергетската зависност на Донбас, практично отцепен од земјата.

Во Украина ќе настане екононмски колапс, а повеќето граѓани ќе бегаат кон Запад – во Полска, Германија, како и по цела Европа, како што сега тоа го правата бегалците од Сирија, предупредува “Фајненшел Тајмс“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here