
На конференцијата одржана во градот Рмејлану, на северот на Сирија, претставници на три курдски кантони изгласа воспоставување на федерален систем и покрај спротивставувањето на Сирија и Турција, известува Ројтерс.
Гласањето доцнело еден ден заради барањата на арапските и сириските заедници за давање на гаранција дека ова територија нема да се одвои од Сирија.
Турското Министерство за надворешни работи во средата соопшти дека сириското национално единство и територијален интегритет се фундаментални, а дека едностраните чекори кои не се во овие рамки немаат правна тежина.
Владата на Сирија соопшти дека воспоставувањето на федерален систем во регионот кој го контролираат Курдите нема правна ниту политичка тежина.
“Било какво слично прогласување нема правна вредност, ниту ќе има било какво правно, политичко, општествено или економско влијание се додека не се искаже целосната желба и одлука на сирискиот народ“, соопштено е од Министерството за надворешни работи на Сирија.
“Владата на Сириската Арапска Република, го предупредува предупредува на секој кој ќе се обиде да ги поткопа единството на земјата и народот на Сирија. Покренувањето на прашање за единството или федерализација го крши единството на сириската земја, а тоа е спротивно на Уставот, национализмот и меѓународните резолуции“, се додава.
Извор:принцип








