erdogan

“Потребно е поефикасно да се води борба против варварите кои ги загрoзуваат животите на целиот наш народ како што јасно се виде и во последните напади во Анкара“, изјавил Ердоган.

Во текот на средбата со лекарите во претседателската палата во Анкара, Ердоган изјавил дека терористите не случајно го избрале Кизилај, централниот дел на Анкара, како место каде што ќе го изведат терористичкиот напад.

“Како и во претходните терористички напади и овој е изведен на јавно место и сите имаа посебна цел. Сите беа насочени спрема некои јасни цели. Ама , последниот напад во Анкара изведен е на место каде што обично се наоѓаат многу луѓе, жители на анкара или оние кои го посетуваат градот и тоа во вечерните часови кога на тоа место се наоѓа најголем број на луѓе“, изјавил Ердоган.

Тој напоменал дека терористичкиот напад во Анкара бил насочен против сите жители на Турција.

“Нападот во Анкара не беше насочен кон некоја посебна група на луѓе, туку на цел народ, на ср`жта на нашето општество. Ова е напад кој го покажува вистинското лице на ова терористичка организација. Цел на нападо беа мажи и жени, млади и стари, ученици и работници, Курди, Турциј, алевити, сунити, односно 79 милиони наши граѓани, срж`та на нашето општество“, истакнал Ердоган.

Тој додал дека што побрзо е потребно да се прошири дефиницијата за тероризмот, која како што истакнал, ги опфаќа и симпатизерите на тероризмот кои поеднакво се одговорни за терористичките напади.

“Нема разлика помеѓу терористите кои носат оружје и бомби и оние кои ја користат својата позиција како би им давале наредби да го прават тоа како би ги оствариле своите цели“, изјавил турскиот претседател.

Извор:(Anadolu Agency)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here