PRAY FOR ANKARA

Анкара – Британецот Џејмс Тејлор, клавијатурист кој живее во Анкара го запрашал светот дали ќе “биде Анкара“ после последниот терорристички напад.

Во експлозијата која се случи во самиот центар на турската престолнина настрадаа 37 особи, а преку стотина се здобија со повреди.

“ Ова е како да експлодирала бомба на Пикадиљ во Лондон… Дали можете да замислете дека сте биле таму? Дали можете да замислете експлозија на место покрај кое поминувате секој ден, на автобуска станица која ја користете, на улица која ја преминувате?“, запрашал Тејлор.

Неговата објава на Фејсбук ја споделиле повеќе од 23.000 корисници на социјалната мрежа.

“За разлика од мислењето кое постои, Турција не е Блиски Исток. Анкара не е воена зона, тоа е модерен нормален град, како и секоја друга европска престолнина, а Кизилај апсолутно е срцето на градот, центар на градот“, објаснува Тејлор.

Тој додаве дека многу е лесно да се почувствува болката заради жртвите на нападите во Лондон, Њујорк, Париз…

“Зошто не е така во случајот со Анкара? Дали тоа е заради што не сваќате дека Анкара по ниту било што не се разликува од било кој друг град? Бевте Шарли, бевте Париз, дали ќе бидете Анкара?“, запрашал Тејлор.

Вчера се случи трет терористички напад во Анкара од октомври 2015 година, кога преку стотина особи настрадаа во експлозија која се случи на еден мирен протестен собир.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here