путин

Рускиот претседател Владимир Путин денес на Министерството за одбрана му наредил  уште од утре да започне со повлекување на руските сили од Сирија.

“ Задачата која е поставена пред нашето Министерство за одбрана и вооружени сили во целост е завршена па од тука му наредувам на Минситерството за одбрана од утре да започне со повлекување на главниот дел од нашиот воен контигент од Сириската Арапска Република“, му рекол Путин на министерот за одбрана Сергеј Шојгу во телевизиски коментар.

Русија својата воена кампања ја започна во септември минатата година, а како цел ја наведила борбата против тероризмот, па со оглед на тоа дека борбата против ’Исламската држава’ во Сирија не е ниту блиску, ова вест ги изненадила сите светски медиуми.

Што се крие позади оваа вест и кои се вистинските мотиви за повлекување на руските трупи од Сирија, ќе дознаеме во наредните денови.

Извор:princip

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here