tramp23

Портпаролката на Доналд Трамп изјавила дека синоќа еден човек се обидол да го пробие кордонот на обезбедувањето на собирот на американскиот милијардер во Охајо, заради што интервенирале и агенти на тајната служба како би го заштитиле можниот републикански кандидат во трката за влез во Белата куќа.

Портпаролката на Трамп, Хуп Хикс изјавила дека мажот за “кратко, брзо и професионално“ бил одстранет од местотот на настанот.

Агенцијата АП јавила дека претходно грипа на агенти на американската тајна служба накратко формирале заштитен прстен околу Трамп на неговиот собир во Охајо, меѓутоа за кратко ја напуштиле бината и овозможиле Трамп да продолжи со говорот.

После тоа Трамп го завршил својот говор без инциденти.

Засега не е познато заради што агентите побрзале на б ината на која се наоѓал Трамп, кој делувал потресно откако слушнал нешто во публиката која се наоѓала позади неговото десно раме.

“Благодарам за предупредувањето. Бев подготвен за нив, ама многу подобро е доколку тоа го направат полицајците, зарем не се служувате“, рекол Трамп, не објансувајќо што се случило.

Бизнисменот и милијардер Доналд Трамп во петокот го откажал собирот на универзитетот во Чикаго пред кого се собрале Афро и Хиспано Американците, како и приврзаниците на Трамп.

Најмалку пет особи биле приведени во инцидентот кој се случил пред универзитетот.

 Трамп е критикуван заради својата “запаллива реторика“, која според наводите на неговите противници, предизвикува тензии. Трамп посебно има негативни изјави спрема Мексиканците и муслиманите.

(Beta)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here