Ердоган: Кој ја повика Русија во Украина?

by Administrator

ердоган1

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вчера изјавил дека неговата земја не ја признала анексијата на Крим, која Русија ја извршила во 2014 година, а ниту пак планира да го направи тоа.

После соатанокот со претседателот на Укравина Петро Порошенко во претседателската палата во Анкара, Ердоган изјавил дека разговарале за политичката, воената економската, стопанските и културните теми.

“Нагласив дека Турција ќе продолжу да го подржува суверенитетот на Украина, во чиј состав е и Крим. Сакаме повторно да нагласиме дека Турција не ја призна илегалната анексија на Крим ниту пак има во план тоа да го направи (признае). Русија на Кримго поази меѓународното право“, рекол Ердоан, како пренесува Анадолија.

Логика ’силен сум и затоа сум во право’

Тој истакнал дека силна и стабилна Украина претставува гаранција за стабилноста и мирот во целиот регион.

“Силна Украина со зајакната политичка стабилност претставува гаранција за регионалниот мир и стабилност. Потребно е сите земји да ја подржат Украина и зајакнат постоечките напори на тој пат“, рекол Ердоган.

Тој додал дека Русија со анексијата на Крим го прекршила мешународното право на многу јасен начин.

“Русија изјавила дека во Сирија влегла откако била повикана ос страна на сирискиот режим. Ако е така, тогаш кој ја повика да влезе во Украина? Како ќе го објасни тоа во контекст на меѓународното право? Тоа е логика “ силен сум и затоа сум во право’. Тука нема збор за право и правдност“, рекол Ердоган.

Добри билатерални односи

Порошенко изјавил дека Украина и Турција имаат многу добри билатерални односи на многу полиња.

То исто така нагласил дека Кијев е подготвен на размена на украинската пилотка која се наоѓа во руско заложништво.

Порошенко претходно на украинската воена пилотка  Надежда Шевченко му додели одликување “Херој на Украина“ која моментално се наоѓа во притвор во Русија и веќе 80 денови штрајкува со глад.

Дипломатските претставништва на Турција и Украина, во средата исто така одржале состанок на Стратешките совети на двете земји.

 

You may also like

Leave a Comment