Колку и да имаме одредени разијдувања во регионот, ние во многу области имаме заеднички ставови.

ТЕХЕРАН (АА) – Заменикот – претседател на Иран, Исхак Џихангири, изјави дека денешната посета на турскиот премиер Ахмет Давутоглу на Техеран, има потенцијал да биде пресвртница во иранско-турските односи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џихангири говореше на конференцијата за новинарите по состанокот со делегацијата од Република Турција, на чело со премиерот Давутоглу.
„Иран и Турција отсекогаш имале добрососедски односи. Овие односи се подобрени со доаѓањето на Партијата на правдата и развојот (AK Parti) на власт. Нашиот политички дијалог придонесе, исто така, за подобрите односи на двете земји”, рече Џихангири.
Тој изјави дека регионот во кој се наоѓаат се соочува со сложени проблеми, како и тоа дека Иран и Турција имаат заеднички интерес кога станува збор за постигнување на стабилност и мир.
„Имавме многу корисни разговори со Давутоглу за билатералните односи но и за регионални теми. Колку и да имаме одредени разијдувања во регионот, ние во многу други области имаме заеднички ставови. Одлучивме да управуваме со нашите различни ставови и да се движиме во насока на воспоставување стабилност во регионот”, рече Џихангири и додаде:
„Посетата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу на Техеран има потенцијал да биде пресвртница во иранско-турските односи”.
Кога станува збор за економијата, Џихангири рече дека Иран и Турција имаат цел да остварат трговска размена во вредност од 30 милијарди долари.










