siriski siracinja

Бајти (Bayti) е дом за блиски 60 деца чии родители се убиени во нападите на силите на Башар ал Асад и неговите сојузници. Војната во Сирија трае веќе пет години, а во текот на тој период илјадници сириски деца останаа без родители. Домот за сираци Бајти на Турско-Сириската граница претставува сигурен дом за кој илјадници сириски деца можат само да сонуваат.

Со домот за сираци раководи сириската фондација Марам, која се обидува да им ги олесни страдањата на најранливите.

Потресни приказни.

Зад насмеаните лица се кријат потресни животни приказни.

Единаесетгодишниот Абдел- Баки Сулеиман е од Хомс, град кој речиси е срамнат со земја, а таткото му го убиле војниците на Асад.

“Кога ќе пораснам сакам да бидам архитект како би можел повторно да ја изградам мојата земја“, вели Сулеиман.

Тој им порачал на Русите и сите останти да престанат да ја бомбардираат Сирија.

“Ве молам престанете да нё бомбардирате, доста ни е од војна“.

Газал Ајоуш има пет години, а губитокот на родителите, имал таков вид на психилошко влијание, така да сега едвај зборува.

Аја Осман е уште едно дете кое израснало речиси преку ноч. Тешко е, вели таа, да се исфрли звукот на експлозијата од главата.

“Слушајќи ги раскажувањата на овие деца доволно е да човек, и со најмала човечност, да посака ова војна да застане. Проблем е тоа што ова војна не само тоа што им ги одзеде родителите, туку – таа уште подолго трае и ја уништува нивната иднина и можноста од враќање на нормалниот живот“, известил репортерит на Ал Џезира Џамал Ел-Шајјал.

Опасност од затварање.

Домот голем акцент става на образованието. Не само тоа што сите деца одат на пколо, туку им се нудат и дополнителни часови во вечерните часови.

Сега проблем на сето тоа е што се заканува опасност од затварање – бидејќи финансирањето на домот е прекинато. Ако наскоро не се пронајдат паро, овие деца би можеле да останат без единствениот дом кој го имаат.

“Повеќе немаме пари за да продолжиме со работа“, истакнува управничката Мајда.

Понекогаш децата ги водат на излети, како што еден е во близина на границата.

Тоа е најблиску што може да им се овозможи, без стравување од барел-бомбите или руските воздушни напади.

И, дури тогаш кога ќе ги затворат очите, можат да ја замислат Сирија без убиства и насилства, каде иднината на едно дете е поважна од сите политички и воени амбиции.

Izvor: Al Jazeera/ превод: dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here