„Одамна прочитана книга и лошо предизборно сценарио на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.“ Аналитичарите Исмет Рамадани и Јове Кекеновски се соменваат дека вчерашните тензии при поставувањето камен темелник за крстот во Бутел, кои резултираа со претепување на Тодор Петров, се намерно иницирани од коалициските партнери во власта, пренесува Телма.

krstot_vo_butel-3

Според Рамадани, на тоа укажува и фактот што пред секои избори се случуваат слични настани кои треба да ја разгорат етничката омраза меѓу Македонците и Албанците.

– Пораката е лоша. Граѓаните имаат сосема други проблеми. Сакаат да им се решат секојдневните потреби: стандардот, инфраструктурата, подобар и помирен живот, а овие две партии сè уште играат со национализмот, со националната омраза, со верската омраза.

Кекеновски со став дека е фрапантно и жално политичките партии да се обидуваат на ваков начин да си играат со чувствата на граѓаните, со цел случајот „Титаник“ да се стави во втор план.

– Ни дава за право сите да се сомневаме дека сето тоа се сценарија кои се подготвуваат во партиските „кујни“, кои имаат единствена цел, да го одвлечат вниманието на граѓаните од вистинските случувања, а од друга страна да се обидат да ја спасат кожата на оние политичари кои во иднина треба да се најдат пред лицето на правдата.

И Рамадани, и Кекеновски се надеваат дека граѓаните веќе се доволно зрели и дека вчерашните настани нема да изродат посериозни инциденти.

-Верувам дека граѓаните нема да го дозволат тоа. Еднаш покажаа при кумановската трагедија, вели Рамадани

– Да се поставуваат обележја кои ќе нè сплотуваат, а не обележја кои ќе нè разединуваат и кои само ќе внесуваат сè поголем раздор помеѓу граѓаните на РМ, изјави Кекеновски.

извор: Телма

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here