САД водат прелиминарни консултации со низа на арапски земји по повод новиот предлог според кој против Исламската држава да се ангажираат копнени сили, соопштил американскиот државен секретар Џон Кери во обраќањето пред Конгресот на САД.
Се консултираме во врска овие предлози – изјавил Кери одговарајќи на прашањето дали Вашингтон преговара со Саудиска Арабија, Јордан, Обединетите Арапски Емирати и Оман за можноста од нивно учество во копнена операција против Исламската држава.
Кери одбил да наведе детали за овие консултации, бидејќи “преговорите се во почетен стадиум“.
Американскиот државен секретар, исто така рекол дека Вашингтон има разбирање за стравувањето на Анкара во врска решавањето на сириската криза и дека за тоа разговара со турските партнери.
– Водиме дијалог со Турција како не би била премината границата кога станува збор за чувствителни прашања во регионот и верувам дека ќе успееме во тоа – рекол Џон Кери настапувајќи пред Комитетот за надворешни работи на Представничкиот дом на Конгресот на САД, пренесуваат агенциите.
Според неговите зборови, САД должни се да ги почитуваат стравувањата на Турција. ПОремиерот на Турција Ахмет Давутоглу претходно им изјавил на новинарите дека примирјето во Сирија не ја обврзува Турција доколку се појави закана за нејзината безбедност.
