Republika_Srpska-640x454

Авторот на текст посветен на ситуацијата на Балканот новинарот Ерих Ратфелдер истакнува дека руската страна одбила да го продолжи  мандатот на ЕУФОР во БиХ, прв пат после 18 години.

Русите изјавиле дека се против постоењето на било каков странски војник во БиХ. Британците на тоа одговориле дека ЕУФОР ќе го заменат со НАТО, Ратфелдер го наведува и примерот од седницата на Собранието за спроведување на мир (ПИК) кога “Русија танцувала во своите ставови“.

Пораката е дека Москва не ја сака БиХ во сегашните граници – пренесуваат австриските медиуми. Покрај тоа, Русија не сака Балканот понатаму да се прлиблиќува кон ЕУ, бидејќи со тоа се проближува и кон нато.Ратфелдер истакнува дека рускиот амбасадор при ОН , Виталиј Чуркин предупредил дека има повеќе негативни примери на резултати на притисок на држави да се приклучат кон ЕУ и НАТО.

Сега Москва сака да му го закомплицира патот на Србија и БиХ кон ЕУ. Она што е најважно, со тоа ќе се спречи и вклучувањето на овие земји во НТО- потврдува овој новинар. Во БиХ руското влијание е посилно отколку во Србија. Додека Белград настојува да балансира помеѓу желбите и сентиментите, претседателот на Република Српска Милорад Доодик отворено игра за руската стрна, наведува весникот.

„Die Presse“ понатами пренесува дека официјална Москва на претседателот на Српска сёсрдно го подржува по многу прашања, вклучувајќи го и онаа за заштита на интересите на Република Српска во меѓународните институции.

Извор: (Agencija Gazeta)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here