
Сирискиот претседател Башар Ал Асад распишал парламентарни избори за 13.април, објави Ројтерс, повикувајќи се на соопштениет на претседателството на Сирија. Во Сирија на секој четири години се одржуваат парламентарни избори, а последни се одржале во 2012 година, потврдила британската агенција. САД и Русија нешто претходно објавија договор за прекинување на непријателствата во Сирија, кои ќе бидат на сила од сабота и кој не ги вклучува терористичките групи Исламска држава и Нусра фронт.
Договорот стапува на сила во петок 27.фебруари, на полноќ според сириско време, потврдиле САД и Русија во заедничко соопштение кое го објавил Стејт департментот.










