saudiskanuklearka

Саудискиот политички аналитичар Дахам ал Анзи вината за крвопролевањето во Сирија ја стави врз тамошниот претседател Башар ал -Асад, за што рекол дека “саудиската армија нема мирно да гледа“.

“Зошто ги купуваме сите тие ракети и авиони?  Веќе две години имаме нуклеарна бомба. Би можеле да извршиме нуклеарна проба во рок од неколку недели. Зошто да набавуваме толкаво вооружување ако не ги заштитуваме правата на Арапите и муслиманите?  Драги брате, Саудиска Арабија не сака да влезе во војна… “Саудиска Арабија сега има нуклеарна бомба ?“, вчудоневидено прашал водителот. “ Да, имаме нуклеарна бомба. Едноставно кажано, да…,“ продолжил Ал Анзи. “Ова е најнова вест.

Прв пат го слушам тоа, “се зачудил водителот“. “Господине, тоа не е најнова вест. Суперсилите тоа го знаат. И порано зборувавме дека доколку и Иран има право дрско да изврши нуклеарна проба, и Саудиска Арабија тоа ќе го направи. Нема проблеми“, истакнал Дахам ал Анзи. Саудиските власти сеуште не се огласиле  за тоа, како ниту водечките светски медиуми или владите на светските сили.

Шефот на саудиската дипломатија Адел ал Џубеир одбил да потврди или демантира оваа вест, како и  тоа дека неговата земја набавила нуклеарна бомба од Пакистан, јавува Дејли мирор. Саудиска Арабија е меѓу арапските земји кои го ратификувале или пристапиле кон договорот за неширење на нуклеарно оружје, што значи дека доколку ова информација е точна, таа флангрантно го прекршила своите меѓународни обврски. Освен тоа се поставува прашање- од каде им е нуклеарното оружје.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here