Саудиски принц: Муслиманските земји мора да се обединат

by Administrator

саудиски принц Турки

Коментари на Саудискиот принц доаѓат во текот на 18 дневните воени вежби во Саудиска Арабија со 20 членки на новата алијанса во која се наоѓаат Пакистан, Судан,Јордан, и соседните земји од Персискиорт залив.

Саудискиот принц Турки ал-Фаисал денес изјавил дека муслиманските земји мора да ја превеземат водечката улога во борбата против тероризмот и дека во најскоро време би можело да биде формирана алијанса за борба против тероризмот со 34 земји.

“За жал не е тајна дека во денешниот свет имаме терористички напади чии жртви се муслиманите. Нашата одговорност како муслимански земји е да земеме водечка улога во борбата против ова болест која сё повеќе зафаќа“, изјавил саудискиот принц. Принцот кој нема официјална позиција во владата, претставува влијателен член на саудиското кралско семејство. Во текот на две децении бил прв човек на саудиската разузнувачка служба.

 

You may also like

Leave a Comment