
Судискиот министер за ндворешни работи, Адел ал-Џубеир, во разговор за германскиот весник Der Spiegel изјавил дека на опозициките борци во Сирија би требало да им бидат испратени ракети земја-воздух, како би ги користеле против воздушните напади. Со други зборови, саудискиот МНР отворено разговарал за уривање на руски и сириски воени авиони. Се разбира, Џубеир истакнува дека тоа оружје би требало да му се достави на така наречените “умерени“ бунтовници.
Во разговор за германскиот весник тој уште еднаш повторил дека сирискиот претседател Башар-ал Асад мора да си замине од власт со што војната би завршила. “Во спротивно војната ќе продолжи и понатаму, а Асад ќе биде поразен“, изјавил тој.
Тој на крај уште еднаш потврдил дека Саудиска Арабија е подготвена на копнена воена интервенција во Сирија, доколку САД тоа го побараат од нив










