
Премиерот на Турција Ахмед Давутоглу изјавил дека неговата земја се соочува со сериозен безбедносен ризик заради кризата и терористичките напади во регионот, и заради тоа власта ќе превземе сеопфатни измени во безбедносниот сектор на подрачјето на целата земја, јавува Анадолија Агенцијата (АА).
“Се движиме во правецот на сеопфатните промени, дополнителни мерки и виспоставување на еден безбедносен концепт кој ќе биде во склад со постоечките услови“, рекол Давутоглу и додал дека се спроведуваат безбедносни студии како би се задоволиле безбедносните аспекти на сите региони.
Тој наведил дека во сите региони, во координација со канцелариите на гувернерите, покренат е механизам кој ќе ги следи и преземе сите потребни мерки во рамките на псотоечките безбедносни аспекти и дека состаницте за безбедност се одржуваат секоја недела.
Давутоглу нагласил дека новите безбедносни мерки посебни ќе вклучат подрачјето на Анкара.
“Ќе биде подготвен посебен план за дејствување. Покрај генералните безбедносни мерки на подрачјето на целата земја ќе биде формирана и посебна група, како и план на дејствување на подрачјето на Анкара. Безбедносните сили ќе подготват акциски план кој ќе се занимава со заканите од терористички напади или масовни активности“, рекол турскиот премиер Давутоглу и додал дека тој план ќе им биде претставен на министрите за внатрешни работи и нему.
Давутоглу ставил до знаење дека ништо не смее да се попречи на патот на остварување на нивните безбедносни мерки, и дека доколку биде потребно, за таа намена ќе оспособуваат и нов кадар.
Турскиот премиер нагласил дека последните терористички напади, без и било како сомневање, доведени се во контекст со организираното дејствување на терористичките организации PKK-YPG
Давитоглу истакнал дека идентитетот на починителот на терористичкиот напад во Анкара многу брзо е откриен благодарение на напредниот систем на регистри, заради што и секоја мала трга на на починителот може да го доведе до неговиот идентите.
Во нападот кој се случи во средата навечер во главниот град на Турција, загинаа 27 припадници на вооружените сили на Турција и еден цивил, а повредени се 61 особа. Веднаш после тоа покрената е акија за приведување на терористи на подрачјето на градовите како што се Истанбул, Анкара, Дијарбакир,Болу,Текирдаг, Адана, Измир. Крајниот резултат од ова акција било приведување на 22 особи.










