САД ја подржуваат Турција и другите сојузници во НАТО во спротивставувањето на “руските провокации во регионот“, изјавил официјален представник на Белата Куќа Џош Ернест.
“Односите ( Анкара и Москва) се заострија минатата година кога Турција го собори рускиот воен авион кој го нарушил нејзиниот воздушен простор. Иако САД повикуваат на намалување на напнатоста меѓу нив, сепак ќе застанеме раме до раме со Турција и другите сојузници во НАТО во спротивставувањето кон руските провокации во регионот“, изјавил Ернест.
Според неговите зборови, разговорот го иницирал американскиот претседател кој изразил сочувство на својот турски колега по повод терористичките напади кои ја потресоа Турција во изминатите неколку денови.
“Тие разговарале за ситуацијата во Сирија“, потврдил Ернест и нагласил дека во “ последните година дена Турција постигнала сериозен напредок и дала голем допринос на меѓународната коалиција“ во борбата против Исламската држава.
Според неговитр зборови, покриен е “значаен дека на границата, што овозможило да биде намален бројот на странските борви кои доаѓаат во Сирија“
Представникот на Белата Куќа, сепак наведил дека Анкара “треба да направи уште многу од тоа“, вклучувајќи ја и покриеноста на преостанатиот дел на границата со Сирија.
Министерствотот за надворешни работи на Русија соопштило дека ситуацијата на сириско-турската граница се заострува заради објавувањето на Турција дека планира да воведе своја војска на северот на Сирија.
(Sputniknews)









