
Катар е најновата земја на Персискиот залив која изрази подготвеност со свои воени трупи да интервенира во воено зафатената Сирија, јавува Анадолија Агенцијата (АА)
Министерот за надворешни работи на Катар шеик Мохаммед бин Абдулрахман ал-Тани изјавил дека неговата земја и минатата година била подготвена да испрати војници во борбата против ИСИС.
“Во октомври минатата година нашиот поранешен министер за надворешни работи споменал дека, доколку коалицијата одлучи да направи нешто против ИСИС, и ние ќе го направиме истотот. Тоа е нешто што претходно е планирано“, изјавил тој.

Минатата недела Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) заедно со Турција најавија подготвеност да испратат свои воени трупи во Сирија под покровителство на колаицијата предводена од САД насочена против ИСИС.
Катар на споменатата колиција и се придружил во 2014 година заедно со уште девет други арапски земји. Ова земја исто така учествувала во воздушните напади ама и тренинг и обучувања на умерената сириската опозиција.
Тани изјавил дека прашањето на испраќање на воени трупи во Сирија, представува само – прашање на итност, не наведувајќи причини.
(Anadolu Agency)










