Обединетите Арапски Емирати со својот најфасцинантен град Дубаи, како еден од најголемите градилшта во светот, сака да ја поседува иднината.

Земјата која својата економска еволуција и денешниот развој кој најмногу му го должи на нафтата, денес пополека се оддалечкува од своето “богатство“. ОАЕ денес се фокусира на трговијата, туризмот и технологијата.
Шеиците знаат дека нафтата нема вечно да тече и зради тоа работите ги зеле во свои раце. Тие продолжуваат да ја градат државата која ќе биде во злужба на претприемачите, бидејќи знаат дека токму тука лежи развојот.
Владарот на Дубаи шеикот Мохаммед бин Рашид Ал-Мактоум на својот твитер профил објави конкурс во кој барал “ особа помлада од 25 години која ќе биде министер во ОАЕ“. За кратко 22-годишната Шама Ал Мазруи именувана е за министерка за млади.
Освен што именувале најмлада министерка во историјата на земјата, шеиците направиле и реконструкција на владата, па така решиле да одтргнат некои министри кои не ги задоволувале нивните критериуми.
Во ОАЕ знаат колку е важно градежништвото и вложувањето во ифраструктурата. Така денес во Дубаи се наоѓаат две големи градежни зони.
Американскиот астрофизичар Neil de Grass Tyson неодамна изјавил дека Дубаи е град на иднината.
“ Тоа е град кој го барав, и тоа е град кој САД никогаш не го изградиле“, рекол тој.
Продажбата на нафта денес изнесува само 4% од буџетот на Дубаи, ама затоа многу се вложува во проекти на трехнологијата која во стварност станала еден од изворите на профит (заработка).
Научниот парк во Дубаи е место каде научниците живеат и работаат, а челниците на градот им нудат најдобри услови бидејќи знаат колку корист можат да имаат од нив.
Во градот се вложува многу во обновување на изворите на енергија кои не коштаат многу. До 2030 година, се очекува дека 15% од целото користење на енергијата во Дубаи да доаѓа од обновливите извори на енергија.
Министерот за животна средина и климатски промени неодамна изјавил дека иднината не лежи во роботиката и високите згради, туку во услугите.
“Сакаме да ги подигнеме услугите на високо ниво“, рекол тој.
