Се интензивираат односите на релација Анкара-Техеран

by Administrator

Заменикот ирански министер за надворешни работи Ибрахим Рахимпур кој допатува во Анкара за ТРТ Хабер направи проценка на своите остварени разговори

Се интензивираат дипломатските односи на релација Анкара-Техеран…

Иран кој ги остави зад себе нуклеарните преговори и постигна договор со Западот е на страната на интензивирање на разговорите со Анкара во наредниот период.

Властите во Техеран го фрлија првиот чекор по ова прашање и во Анкара допатува заменикот ирански министер за надворешни работи Ибрахим Рахимпур кој пак за ТРТ Хабер направи проценка на своите остварени разговори во Анкара.

Истакнувајќи дека обостраните посети помеѓу двете земји ќе продолжат и во наредниот период, Рахимпур напомена дека во тие рамки премиерот Ахмет Давутоглу ќе го посети Техеран, додека иранскиот претседател Хасан Рухани и министерот за надворешни работи Џевад Зариф ќе допатуваат во Анкара.

Нагласувајќи дека неговата земја со благодарност се сеќава на помошта на Турција во периодот кога беше подложена на санкции, Рахимпур рече дека во периодот по укинувањето на санкциите изразуваат желба за уште повеќе развивање на економските односи со Турција.

Освен тоа иранскиот заменик министер за надворешни работи Ибрахим Рахимпур додадека дека неговата земја ќе ги обезбеди неопходните услови Турција да се најде меѓу првите 5 партнери.

Осврнувајќи се и на падот на цените на нафтата, Рахимпур рече: „Падот на цените на нафтата не е поврзано ниту со вас, ниту со нас, тоа е општо прашање. Се надеваме дека ќе биде определена цена која ќе биде во полза на секого.“

You may also like

Leave a Comment