Иако од 1992 година е забранета експлоатацијата на детскиот труд, голем број на деца во Бангладеш нелегално се користат како евтина работна сила

Бангладеш: Децата се експлоатираат како евтина работна сила

ДАКА (АА) – Тргнати од безгрижните детски игри и училишните клупи, многу деца своето детство во Бангладеш го минуваат работејќи тешка работа, во тешки услови, борејќи се за опстанок, јавува Anadolu Agency (AA).

Иако од 1992 година е забранета експлоатацијата на детскиот труд, голем број на деца во Бангладеш нелегално се користат како евтина работна сила.

Повеќето од нив, со цел да им помогнат на сиромашните родители, работат на пазар, во фабрики за тули и на плантажи.

Мрачна е реалноста на децата во Бангладеш, кои се принудени да работат од утро до вечер и во исклучително тешки услови. Покрај тоа што се подложени на тешка физичка работа, децата го запоставуваат своето школување и стануваат “лесен плен” за трговците со луѓе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here