емирати

Обединетите Арапски Емирати денес соопштија дека се подготвени да испратат копнени трупи во Сирија, во рамките на меѓународната коалиција против таканаречената Исламска држа, притоа потенцирајќи дека ова е еден вид подршка и на Турција и С.Арабија во нивната намера за влегување и решавање на состојбата со Сирија.

На прашање дали ОАЕ се подготвени да испрата воени трупи доколку тоа биде потребно, министерот за надворешни работи на на ова земја Анвар Гаргаш на конференцијата за печат во Абу Даби изјавил: “Тоа претставува наша позиција за целото време“, пренесе Ројтерс.

“Фрустрирани сме заради бавноста со која се одвиваат борбите против ИСИЛ и нивните џихадисти“, наведил Гаргаш и додал; “ Не зборуваме за испраќање на илјада војници, туку испраќање на копнени сили кои ќе предводат и овозможат подршка во борба“. Нашата позиција на ова тема останува иста, а ќе видема како ситуацијата ќе се одвива, притоа имајќи го во предвид и влегувањето на Турција и С.Арабија, а ние претставуваме и дел од таа коалиција.

Гаргаш исто така истакнал дека “водството на САД во операциите“ представува предуслов да ОАЕ воопшто испрата копнени сили во Сирија.

И Саудиска Арабија минатата недела соопшти дека е подготвена исто како и Турција  да учествува во евентуална копнена операција во Сирија.

Од друга страна Сириската влада соопштила дека ќе се спротивстави на секаков вид на напад на својата територија и дека агресорите ќе ги испрати назад дома во “дрвени сандаци“, што според наводите на Ројтерс, очигледно е упатено на земјите од Блискиот исток со мнозинско сунитско население, а кои изјавија дека се подготвени за влегување и вклучување во копнени операции во Сирија. (Турција, С.Арабија, ОАЕ).

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here