Претседателот на владата на ОАЕ шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум сака за нов министер за одбрана да пронајде особа помлада од 25 години.
Премиерот и потпретседател на ОАЕ и владетел на Дубаи преку Твитер ги повикал сите универзитети во земјата за министерско места да се кандидираат по три момчиња и три девојчиња кои дипломирале во последните две години или се на завршни години од студиите.
“Би сакал на нашата омладина , нивните клучни прашања и амбиции во владата како министер да ги претставува млада личност. Младината представува половина од нашето арапско општество и единствено логично е нив да им го дадеме гласот и улогата да управуваат со нацијата“, потврдил Мохамед бин Рашид.
Како додал тој “младата земја е изградена со рацете и достигнувања на младите, а младоста е сила и брзина и гаранција за иднината“.











