erdogan-sirija

Изминуваат пет години од војната во Сирија, најопасен судир во повеќе од четрвт век. Оваа војна одбележана е со ескалација за ескалација, а ситуацијата сега се наоѓа на самиот врв. Секоја нова ескалација вклучува се повеќе и повеќе странски актери, почнувајќи од регионалната подршка на ИСИЛ, влегувањето на Хезболах во војната, влегувањето на американските воздушни сили, како и влегувањето на Русија која дополнително ја закомплицира ситуацијата преку своите воздушни напади со што ова војна се повеќе станува се понеизвесна.

Секоја ескалација би била опасна сама по себе, бидејќи Сирија веќе со години представува простор на судири на најголемите светски и регионални сили. Да се потсетиме само на втората половина на 2013 година кога отворено се зборуваше за тоа дека Русија и САД “спречиле Трета светска војна“ кога успеале да се договорат по прашањето на елиминација на сириското хемиско оружје и целокупен арсенал.

Во меѓувреме работите отидоа многу подалеку. Во тој момент-период  ниту САД ниту Русија не учествуваа активно со свои сили во Сирија, ама сега и Русија и САД изведуваат воздушни воени операции.

Меѓутоа последната ескалација би можела да биде најголема од сите. Имено, сё до сега секогаш се разговарало за политичко решение. Западот направил поедини отстапки на начин така да престана да го споменуваат заминувањето на Асад, меѓутоа верувале дека тоа се подразбира после периодот на политичката транзиција.

За оние кои се вклучуваат во овој судир неколку години подоцна, што е тоа што претставува политичка транзиција во Сирија? Тоа во предложено сценарио, би подразбирало формација на некој вид единствена сириска Влада во која би биле затсапени и претставници на актуелната власт и претставници на таканаречената политичка опозиција. После одреден период би биле организирани избори на кои би се избирала новата Влада и претседател.

Звучи нереално? На многумина така им звучело од почеток и веројатно многумина не верувале во така нареченото политичко решение, надевајќи се потајно на воено уривање. Тоа важи и за сите сили кои се вклучени во ова војна. “Политичкото решение“ претставува обавезна фасада, ама во таквото решение, изгледа никој повеќе не верува, односно да се верува дека она страна која ќе биде сигурна дека ја губи војната, во овој момент тоа очигледно не го мисли ниту една.

Што е тоа воено решение? Тоа е она во кое се игра на чист пораз и чоста победа. Во случај на анти-сириска страна тоа значи  паѓање на Асад, на овој или оној начин. Про-сириската страна победата пак ја гледа како останок на Асад на власт и пораз на милитантите.

Постои причина зошто никој до сега никој јавно не го споменал военото решение (единствено јавно го негираа) бидејќи тогаш воено би се вклучиле и оние кои инаку сеуште чекаат да се случи тоа фантомско политичко решение во кое би нивната завојувана страна извојувала победа на еден понежен начин ( анти-сириските сили во тој случај никогаш не би се согласиле Асад да биде еден од кандидатите на претстојните претседателски избори).

Зошто сега се симнуваат ракавиците и зошто военото решение е премолчено, одеднаш актуелна тема и можеби единствено сценарио за Сирија? Сето ова е последица на  неколкуте настани во поселдните месеци, а критичен момент се случи вчера кога сириската војска градот Алепо го стави во обрач.

Некои добро забележале дека ставањето на Алепо во обрач секако не е победа во повеќегодишната Битка за Алепо, а и самиот обрач на поедини места е доволно тенок да милитантите повторно би можеле лесно да го скршат. Меѓутоа, овре пред се станува збор за психолошки обрач. Главните анти-сириски актери вчера доживеаа удар од реалноста која им зборува дека Алепо би можел да падне, дека нивните сили на истокот на градот би можеле да бидат поразени, а тоа веројатно е и пораз во војната.

Па што тогаш, ќе кажат некои. Што тогаш? Мора да престанеме судирите во Сирија да ги гледаме како нешто локално или само регионално. Војната во Сирија има три исходи по остатокот на светот и блискоисточниот регион:

1)  Така нареченото политичко репение, кое сега со сигурност нема да се случи, би одржал некаков статус quo,, како на Блискиот исток така и на меѓународниот поредок ( односно во обемот на силите помеѓу Русија и САД).

2) Пораз на Русија, Сирија и нејзините сојузници -целосна доминација на Западот, Турција и Саудиска Арабија над Блискиот исток.

3) Поразот на милитантите во Сирија – нагло искачување на Русија на меѓународната сцена и Иран на регионалната сцена.

Значи, исходот во Сирија ќе има последици кои ќе се чувствуваат со векови. Никој во моментов на вака високите улоги нема туку така да се откаже, всушност прашањето е дали некогаш кој и да е, дали ќе се откаже.

Одамна веќе истакнувавме дека еден актер секогаш може релативно елегантно да се откаже – Западот. Имено, Западот може секогаш да каже “пробавме, ама не оди, Треата светска војна сепак не сакаме“. Блискоисточните актери како Кина, Саудиска Арабија и Јордан исто така можат да се обидат да се извкечат од овој хаос ако сватат дека победи за нив тука нема.

Што може да и се случи на една Саидоска Арабија? Може да им се слули да сватат дека можеби не се таква сила каква што мислат и дека можеби ќе мора да го прифатат сё поголемото влијание на Иран во регионот. Се разбира, заради ваквото нешто може да им се случи да се појават внатрешни немири, а ако пак некој е способен да ги пригушува немирите тогаш тоа е секако најавторитарниот режим во денешниот свет.

Тука доаѓаме до главниот незгоден актер, оној кој нема елегантен ниту релативно безболен излез од овој хаос. Тој актер секако е Турција.

Актуелното турско водство, предводено од претседателот Ердоган, ова ситуација ја доживува како историска пресвртница за Турција, како момент во кој Турција може повторно да стане голема сила. Решавајќи се на таков обид, направиле и неуспехот да не ги остава дури ни на ситуацијата статус quo, туку според некои аналитичари да ги доведе во пропаст како сила.

Русите, Американците, Израелците, Иранците, цела Европа…. сите тие застанаа зад една група, зад сириските Курди. Тие сириски Курди  ја зацврстија контролата по должината на турско-сириската граница и наскоро би можеле да ги заземаат и оние делови кои не се под нивна контрола. Тие делови на границата ги држат разни екстремисти и терористи, според мислењето на некои, на Турција тоа не и смета, згора на тоа, Русија не основано без и било каков доказ ја обвинува Турција дека по патот на граничните премини на овие делови купува нафта од ИСИЛ.

Поедини аналитичари, изјавуваат дека наводно Сириските курди се трн во окото на Ердоган и неговите проекти за нова голема Турција. Тие зијавуваат дека Ердоган знае дека веројатни Курдите ќе прогласат автономија, Сириски Курдистан, а тоа претставува уште еден чекор кон одвојување на Турскиот Курдистан. Масата се врти, а прашање е на денот кога светот ќе се обедини против Ердоган и ќе му каже дека нема да може да ги покори Курдите.

Се разбира, на светот не му е до Курдите, а и никогаш ниту им било, меѓутоа овој пат ќе ги подржат заради фактот што нив сега не им одговара моќен Ердоган и моќна Турција.

И што сега Ердоган може да направи? Според некои, тој се довел во тешка ситуација по него. Знае дека иднината нема да му биде наклонета ако ја изгуби војната со Сирија. Гледа како американски претставници се појавуваат меѓу сириските Курди во Кобане. Тој знае што значи тоа. Можеби е бласен, авторитарен и крајно контраверзен, ама глуп не е. Меѓутоа, овде не станува збор за тоа, колку и кој е глуп, паметен и луд.

Кога зборуваме за лудоста, на Ердоган му преостана уште една карта, според некои можени последна, а тоа е директна воена интервенција во Сирија. Поводот кој би можел да биде за ваквата активнос не е важен, бидејќи причината  че биде јасна – воено да се спречи “воено решавање“ и формирање на сириски курдски ентитет на турската граница.

Сепак, мора да се има во предвид, дека Турција има најголем број на бегалци на својата територија, и најмногу преку хуманитарни активности се обидува да допринесе во намалување и спречување на катастрофалната ситуација со жителите на Сирија во самата држава и надвор од неа.

Ова , не претставува никакво теоретизирање бидејќи уште денес започнаа да пристигнуваат конкретни информации кои би можеле да укажат на тоа дека Турција започна со подготовки за напад врз Сирија.

По ова прашање, вчера се огласи и руското министерство за одбрана во чија изјава се истакнува: “Имаме сериозни причини дека Турција започнува со интензивни подготовки за воена инвазија на суверената територија на република Сирија“.

Од Москва истакнуваат дека “имаат“ и наводни видео снимки кои ја прикажуваат турската артилерија како гаѓа цели на делови на сириската провинција Латакија. “Нё зачудва како представниците на Пентагон, НАТО а и бројните организации кои наводно ги заштитуваат човековите права во Сирија, и покрај нашите повици, и понатаму не реагираат на турското гранатирање на Сирија“, изјавил , портпаролот на на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.

Непосредно, откако Конашнков изјавил дека Турција се подготвува за воена инвазија врз Сирија, цената на нафтата веднаш скокна на 33 долари за барел.

Вака изгледаат изјавите од руската страна.

Меѓутоа ситуацијата на терен е сосема според некои аналитичари поинакви. Голем број на светски медиуми објавувата информации за бројот на настрадани во нападите на руската авијација, кога не избира цели, (воени или цивилни). Турција е таа која секогаш реагира за заштита на населението и овозможувањето на помош и намалување на тие страдања, голем број на хуманитарни организации активирани се на деловите на Турција каде се наоѓаат сириските и други бегалци, а истите помагаат и во оние делови на Сирија каде што турските хуманитарни организации имаат можност да влезат, и помогнат, иако често пати неосновано се обвинуваат дека помагаат терористички групи.

Што ќе се слули? Многу од тоа ќе зависи од Ердоган, атој веќе во повеќе наврати ја потврди својата намера, заштитата не територијалниот интегритет на земјата, заштита на својот народ, како и помагање во борбата против сирискиот режим, кој во изминативе 5 години дефинитивно го уништува својот народ.

Според мислењето на сирискиот режим и претседателот Асад, доколку не би била Русија, Ердоган веќе би испратил војска, и не би дозволил да се создаде обраќ околу Алепо. Тој обрач сега постои и кој во целава ова приказна е клучна – тој обрач според нив е создаден со масовна подршка на руските воздушни сили.

Значи, потенцијалниот Турски напад – инвазија врз Сирија, би претставувал почеток на директен судир помеѓу русија и турската војска. Руските С-400 системи се подготвени и можат да го бранат небото, додека пак од друга страна Турција може да тргне во огрома копнена инвазија. Една работа е засигурна – турската и руската војска на просторот на Сирија не би можеле мирно да коегзистираат.

Што ќе каже НАТО во овој случај? Дали Турција влегува на своја рака или во име на целата воена воена организација?  Да се надеваме дека никогаш нема да ја доживееме таа ситуација во кој започнува директен судир на НАТО и Русија бидејќи тоа би бил нуклеарен судир. Меѓутоа, Западот би можел да ја пушти Турција да се обиде да ја уништи руската војска на телото на Сирија бидејќи “Путин некаде мора да се сопре“, меѓутоа тогаш кој Турската територија ќе ја брани од Русија? Во секој случај ова се сценарија на општ хаос, и кои од нив да се случат би било крајно опасно по целиот свет.

Извори:/референци:

dubai-portal/advance.

Grounds to believe Turkey planning military invasion in Syria – Russian military
https://www.rt.com/news/331278-turkey-military-invasion-syria/

Russia accuses Turkey of preparing to invade Syria
http://thehill.com/policy/international/268195-russia-suspects-turkey-preparing-to-invade-syria

Turkey Planning Military Invasion in Syria – Russian Defense Ministry
http://sputniknews.com/middleeast/20160204/1034221247/turkey-syria-military-invasion.html

Russia accuses Turkey over Syria as donors pledge aid
http://www.reuters.com/article/us-mideast-crisis-syria-idUSKCN0VC169

Syrian civil war: Could Turkey be gambling on an invasion?
http://www.independent.co.uk/news/world/middle-east/syrian-civil-war-could-turkey-be-gambling-on-an-invasion-a6844171.html

Turkey says Syria peace talks pointless while Russian attacks continue
http://www.todayszaman.com/diplomacy_turkey-says-syria-peace-talks-pointless-while-russian-attacks-continue_411414.html

Oil jumps as Russia says Turkey planning to invade Syria
http://news.forexlive.com/!/turkish-defense-minister-mulls-syria-invasion-20160204

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here