оклопни возила

Руската војска извести дека “има сериозна причина“ да верува дека Турција подготвува воена интервенција на соседна Сирија. потсетувајќи дека Анкара забранила надлетување на турската територија од страна на руските извиднички авиони.

“Имаме сериозни причини да веруваме дека Турција интензивно и тајно подготвува воена интервенција на територијата на една суверена држава- Сирија“, изјавил портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал Игор Коначенков.

Тусија во четвртокот повторила дека нејзини авиони не го повредиле турскиот воздушен простор и дека со тие обвинувања  Анкара се служу како покритие за зајакнување на воената активност на сириската граница, пренесува Хина.

Анкара веќе неколку пати избегнала да одговори на барањата на Москва со докази да ги поткрепи тврдењата според кои руските воени авиони го нарушиле турскиот воздушен простор, изјавила портпаролката на руското министерство за надворешни работи Мариа Захарова на конференцијата за новинари.

Барања на Турција.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги повика САД да заземат одлучувачки став против Русија заради интервенцијата во Сирија.

Тој предупредил дека после секој разговор помеѓу Вашингтон и Москва Русија извршувала сё поголеми напади.

Тој истакнал и дека “ сите кои го помагаат режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, починители на воен злостор“ Ова го истакнувам токму денес бидејќи Алепо е под жестоки напади на руските воени авиони. Себомбардираат школи и болници, а не позициите на Исламската држава Ирак и Леван (ИСИЛ). Тоа представува воен злостор, етничко чистење….“ изјавил турскиот премиер.

“Клучна причина на овој проблем представуваат воените злосторства кои ги направи сирискиот режим, како и воените злосторства кои ги направи ИСИЛ’“, смета Давутоглу.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here