
Со снег прегрнатите падини на планината Хермон раздвојуваат два света. Во еден, сириската граѓанска војна ја расцепува -разорува државата. Во друг израелските турсити се спуштаат низ скијачките патеки, или пијат вино со звиците на техно музиката, пишува АФП.
Од врвот на скијачката патека на 2.200 метра надморска височина може да се види главниот сириски град Дамаск. На Голанската висоравнина, под израелска окупација, туристите ставаат лосион против Сонце, а од разурнатиот Дамаск ги дели само 40 километри. Меѓутоа, помеѓу Голанската висоравнина и Дамаск нема официјални премини заради тоа што Израел и Сирија сеуште официјално се во војна.
Израел ја зазеде (окупира) Голанската висоравнина во 1967 година во Шестдневната војна, а подоцна ја присвои ова територија иако меѓународната заедница не ја признава таа анексија.
На израелците планинскиот ланец Хермон, помеѓу Либан како и сириските и израелските сектори Голан представува стратешки многу важно подрачје кое е под постојан надзор.
Секоја година, кога ќе паднат снегулките, Хермон станува скијачки центар веројатно единствен на светот од ваков вид.
Скијачите чекаат предупредувања да не се одвојуваат од патеките заради опасноста од мини, а во непосредна близина се гледаат и воздигнатите антени на израелската воена база. Војниците се на секаде.
“Доколку Сиријците се одлучат да дојдат тука, подобро им е да се врвни скијачи“, во шега раскажал Набир Абу Салех, шеф на скијачката патрола.
Израелската војска, од друга страна сё повеќе стравува од залутани артилериски гранати отколку од можна инфилтрација. Менаџерот на скијалиштето Лирон Милс вели:
“Веќе неколку пати моравме да го евакуираме скијалиштето. Одлично сме организирани. Околу нас е војската и полицијата и имаме одлична координација со нив“. Во слободно време Милс резервистите на израелската војска ги подучува на скијачки техники. И покрај белата маскирна облека, војниците е на скијалиштето е лесно да се препознаат по фактот бидејќи носат оружје.
Израел, далеку повеќе е познат по пустините на југот, не е позната како земја успешна во зимските спортови. Меѓутоа, единственото скијалиште во земјата има 14 патеки и може да прими до 8.000 посетители секој ден.
“Во Израел нема многу снег. Доаѓањето ука ни представува вистинска атракција и само сакаме да се забавуваме“, вели Амир Кохен кој децата тука ги довел на скијање.









