
Јорданскиот крал Абдулах изјавил дека неговата земја е пред “точка на пукање“ заради големиот прилив на бегалци. Стотина илјади луѓе од Сирија доаѓаат во Јордан, а кралот вели дека притисокот на социјалните служби, инфраструктурата и економијата е огромен.
“Пред или подоцна, таа брана ќе пукне“, изјавил за ББС кралот Абдулах. тој додал дека меѓународната заедница мора да понуди поголема помош ако и понатаму сака Јорда да прима бегалци. Обединетите народи бараат 7.7 милијарди долари за хуманитарната помош на луѓето во Сирија и соседните земји. Сепак, минатата година, само 43% од бараните 2.9 милијарди долари било одобрено.
Во Јордан се наоѓаат 635 илјади бегалци, од 4,6 милиони Сиријци приојавени како бегалци на ОН. Јордан објавил дека уште повеќе од милион Сиријци живеат во Јордан, вклучувајќи и оние кои од земјата тргнале пред 2011 година.
Абдулах изјавил дека Јорданците страдаат заради приливот на бегалци – 25% од државниот буџет се троши на помош за бегалците, многумина не можат да најдат работа. Тој надополнил дека Европа треба да прифати повеќе од милион мигранти и бегалци со што европските земји би го сватиле притисокот со кој Јордан се соочува.








