ШВЕДСКА

Шведска треба да биде подготвена за вооружен конфликт со сериозен противник бидејќи  војната може да започне во наредните години, се потврдува во материјалите на главниот командант на шведската војска Андерс Брестерм, цитиран од англиски весник Ekspres.

“Ситуацијата во сверата на безбедноста со коај сега се соочивме ме наведува на помислата дека во наредните неколку години ние можеме да бидеме вовлечени во војна“, се наведува во документот на главниот командант на шведската војска Андерс Брестерм.

Брестерм, наведил и дека ги повикал Вооружените сили да се обединат пред лицето на можниот притивник.

Освен тоа, весникот цитира и документ во кој се наведуваат зборовите на шефот на Комитетот на шведскиот парламент за одбрана Алан Видман, кој изјавува за постоењето на докази на воена агресија од страна на Русија, бидејќи земјата не влегува во воениот блок на НАТО.

“Шведска после 200 години мировен соживот треба морално да се подготви за можен воен конфликт со наше учество“, изјавил Видман, забележувајќи дека можен конфликт со Русија може да се развие заради економски причини.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here