saudiska Arabija

Саудиска Арабија ја представи план програмата на економскиот развој во кој видливо е исклучителното оддалечувањето од нафтената индустрија и намерата земјата повеќе да се потпира и на останатите индустриски гранки, од информатичката технологија до здравствените услуги и туризмот.

Најновиот економски план представен е во Ријад во сенка на ниските цени на нафтата заради што расте притисокот на домашната валута, а годишниот буџетски дефицит достигнал и до речиси 100 милијарди американски долари.

Саудијски представници нагласиле дека нивната намера е да се намали зависноста на земјата од нафтата и вработувањата во јавниот сектор.

Исто така тие нагласиле дека економнскиот раст и отварањето на нови работн и места мора да бидат префрлени во приватниот сектор, а државата во почетната фаза финансиски би го помогнала развојот на новите индустриски гранки.

На собирот учествувале повеќе од 2.400 домашни и странски представници, бизнисмени, консултанти и академици.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here