маркс

Карл Хајнрих Маркс роден е во Триер ( Германија 5.мај.1818 – Лондон,14.март 1883), германски филозоф и оснивач на комунизмот.

Маркс бил влијателен германски филозоф, политички екониомист, револуционер, оснивач на Меѓународниот сојуз на работници или Првата Интернационала. Иако докторирал филозофија, многу повеќе се занимавал со политичка активност и економија.

Повеќе тежел кон научната анализа и критика на капитализмот и се смета за еден од највлијателните теоретичар на сицијализмот и комунизмот. Маркс заедно со Емил Даркхејм како и Макс Вебер, наведува како еден од тројцата принципиелни архитекти на модерната општествена наука. Маркс понекогаш го опишуваат како една од највлијателните личности во историјата на човекот.

Ви пренесуваме неколку цитати на Маркс:

*Без спротивности нема напредок: тоа е закон кој досега цивилизацијата го следела.

*Човекот е слободен ако може да одбере, а може да одбере ако доволно знае, за да направи споредба.

*Светот му припаѓа на храбрите.

*Историјата на целото досегашно општество е историја на класните борби

*Демократијата е решена загонетка на сите устави

*Филозофите светот само различно го толкувале, ама станува збор за тоа дека требало да се измени.

*Ако можностите го прават човекот, тогаш можностите треба да се направат човечки

*Религијата е само илузорно сонце кое се врти околу човекот сё додека тој самиот тој не се сврти околу самиот себе.

*Секој народ има онаква политичка власт каква што заслужува.

*Како што религијата не го создава човекот, туку човекот ја создава религијата, така ниту уставот не го создава народот, туку народот го создава уставот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here